Линкови за пристапност

Владата на Македонија вели ликвидирањето на бин Ладен е голем успех

  • Соња Трајковска

Владата на Македонија вели ликвидирањето на бин Ладен е голем успех

Владата на Македонија вели ликвидирањето на бин Ладен е голем успех

Акцијата за сузбивање на тероризмот во која беше ликвидиран терористичкиот водач Осама бин Ладен е победа на правдата, и е голем успех и огромен напредок во напорите за создавање побезбеден свет и искоренување на терористичките закани против човештвото. Ова е реакцијата на Владата на РМ по информацијата за ликвидацијата на терористот број еден во светот, приклучувајќи се на лавината коментари од европските влади.

Во владиното соопштение испратено да медиумите се наведува силна поддршка на „борбата против тероризмот и на акциите на меѓународната заедница за неутрализација на сите елементи кои го промовираат тероризмот и ги загрозуваат мирот и стабилноста“.

„Македонија, рамо до рамо со нашите сојузници, и понатаму ќе ги поддржува и ќе продолжи да дава придонес во активностите на меѓународната заедница за борба против тероризмот и терористичките закани, и во активностите за промоција на мирот, демократијата и правдата“, се наведува во соопштението.

По веста за убиството на најбараниот терорист во светот, Интерпол да побара од македонското МВР поголема ангажираност околу амбасадата на Кале.

Во дописот потпишан од директорот на Интерпол, на МВР му се препорачува да ја зголеми будноста и претпазливоста и да преземе дополнителни мерки за обезбедување на американската Амбасада. Дописот испратен до македонското МВР е ист како и оној што го добиле сите земји членки на Интерпол.

„Македонското Министерство за внатрешни работи е во постојана комуникација со амбасадата и договорени е навремена размена на разузнавачки информации поврзани со можни закани“, велат од полицијата.

Амбасадата на САД има сопствено обезбедување, но сега и припадници на полиција постојано ќе патролираат околу амбасадата. Слична е состојбата и со македонските војници во Авганистан. Командата на ИСАФ побарала зголемено ниво на борбена готовност и за 169- те војници на АРМ присутни во Авганистан.

XS
SM
MD
LG