Линкови за пристапност

Македонија: Дебата на гласно зборување, а не петминутен молк


Македонија: Дебата на гласно зборување, а не петминутен молк
Македонија: Дебата на гласно зборување, а не петминутен молк

Дебата на гласно зборување, а не петминутен молк, е мотото под кое македонските новинари годинава го одбележаа Светскиот ден на слобода на печатот. Тие изразија решеност за проблемите отсега гласно да зборуваат

Македонските новинари сепак признаваат дека две децении од осамостојувањето, во Македонија се` уште се загрозени професионалниот и личниот интегритет на новинарите, дека не се почитуваат економските и социјалните права, и дека медиумите се изложени на силен партиски притисок од партиите и се поделени на провладини и опозициски, на подобни и неподобни.

„Политичките партии да престанат да се мешаат во работата на медиумите и да ги остават слободно да работат. Сопствениците на медиумите да не ги претворат во мегафони на партиски и бизнис центри на моќ. Уредниците да застанат во одбрана на професијата и на новинарите“, вели Насер Селмани, претседател на ЗНМ во пораката по повод денот.

И покрај тоа што новото раководство од првиот ден се залага за единство во фелата, денеска тоа не беше ниту фигуративно – на најавената дебата, не се појави ниту еден од главните уредници на печатените и електронските медиуми.

„Ги повикавме, но ниту еден уредник не дојде на денешната дебата Ако медиумите се огледало на демократијата, тогаш требаше овде, очи во очи да се погледнеме и да си кажеме која ќе биде нашата улога, нашата одговорност, за спроведување на фер и демократски избори“, вели Маја Јовановска од ЗНМ.

За Синдикатот, „новинарите во Македонија работат во услови кои се поблиску до феудалното општество, отколку на 21-виот век. На денешниот ден бараат јавно да проговори за економскиот и политичкиот мобинг“, кажа претседателската Тамара Чаусидис.

„Имаме медиуми каде колегите со месеци не примаат плата. Имаме медиум кој што чекаме да видиме што ќе биде со него, дали ќе биде затворен или ќе продолжи да функционира. Имаме колеги кои работат непријавени, кои се мизерно платени, а го носат најголемиот товар на работата, истакна Чаусидис.

Експерти од САД, и експерти и новинари од Македонија, Бугарија, Косово, Србија, Хрватска и Црна Гора утре и задутре во Скопје ќе учествуваат на Конференцијата во што ја организира Амбасадата на САД во Македонија посветена на Предизвиците на современото новинарство во дигитално време. Дискусијата ќе биде посветена на новата технологија во медиумската сфера, а целта е размена на искуства и совети за тоа како најдобро да се искористат најновите дигитални ресурси. Конференцијата ќе ја отвори амбасадорот Филип Рикер, а ќе ја затвори заменикот помошник државен секретар за јавна дипломатија, Спенсер Бојер.

Конференцијата се надоврзува на одбележувањето на Светскиот ден на слободата на медиумите. По тој повод амбасадорот на САД во Македонија Филип Рикер упати порака:

„Во Македонија земја со два милиони жители има над 800.000 Фејсбук профили. Секој поголем медиум има он лајн сервис. Во ваква средина, независните медиуми играат мнпгу критична улога. Медиумскиот пејсаж може и да се промени, но не и улогата на новинарите и информациите. Улогата на силни и независни медиуми е клучна за успешно и здраво граѓанско општество. Одговорноста на секој новинар е да го заштите правото на слободна не печатот. Но исто така одговорност на секој граѓшанин и овде во Макеоднија и во САД и во светот е да бараат од новинарите независност и интегритет. Ништо помалку од ова не заслужувате!, се вели во пораката на амбасадорот Рикер“, кажа Рикер во пораката по повод Светскиот ден на слобода на печатот.

Во последниот извештај на Фридом хаус Македонија е рангирана на 96-то место на листата од вкупно 196 држави, каде медиумите се делумно слободни.

XS
SM
MD
LG