Линкови за пристапност

Иванов ги бранеше причините за аболиција


На нашето барање за коментар од Амбасадата на САД, оттаму одговорија дека нема да реагираат

Претседателот на Македонија вчера се обрати до нацијата, откако Парламентот го отфрли барањето за негово отповикување, поднесено од опозицијата.

Иванов ја бранеше неговата одлука за аболиција на политичарите и зборуваше за опциите кои биле пред него. Во медиумите - мешани реакции, а на нашето барање за коментар од Амбасадата на САД, оттаму одговорија дека нема да реагираат на обраќањето на претседателот.

Иванов, вчера, ги образложи причините поради кои ја донел одлуката за помилување. Меѓу другото, тој рече:

„Сакам да знаете дека целосно свесен за ризиците од носењето на одлуки, влегов во наметнатата игра и ги употребив оние инструменти со кои располагав. Затоа, превентивно донесов одлука за помилување на сите, кои на еден или друг начин се вклучени во политичката криза. Помилувањата беа инструмент со кој ги замрзнав сите непријателски намери меѓу спротивставените страни. Мојата одлука ги изненади сите и предизвика нервоза кај одредени центри на моќ. Гневот се насочи кон мене. Плановите за предизвикување конфликт беа растурени. Со тоа го превенирав загрозувањето на јавната безбедност“.

Иванов порача „ како претседател имам одговорност кон граѓаните кои ме избрале и кои ми дале легитимитет. Имам одговорност кон вооружените сили чиј Врховен командант сум. Имам одговорност кон државата на чие чело сум во овие тегобни и мачни времиња. И, со таа одговорност, како и досега, така и во иднина ќе постапувам единствено и исклучиво, според Уставот и Законите на Република Македонија во заштита на државните интереси и националната безбедност“.

XS
SM
MD
LG