Линкови за пристапност

Пакистан бара САД да го намалат военото присуство


Пакистан бара САД да го намалат военото присуство

Пакистан бара САД да го намалат военото присуство

Пакистан предупредува против други американски акции на нивна територија

Пакистанската армија денеска предупреди дека какви било дополнителни воени акции на територијата на Пакистан, ќе биде разгледана од аспект на воената и разузнавачка соработка со САД.

Ова е прво соопштение од страна на пакистанската армија од американската акција во понеделникот во која беше убиен лидерот на ал-Каида. Во документот се додава и дека американскиот воен персонел во Пакистан ќе биде намален на „минимално неопходно“ ниво. Во соопштението се наведуваат и „пропустите“ во напорите на армијата за лоцирање на бин Ладен.

Претходно, пакистанскиот секретар за надворешни работи Салман Башир предупреди дека ќе има „катастрофални последици“ за која било земја што би извела неавторизирана воена акција на пакистанска територија.

Башир за време на прес-конференција изјави дека пакистанските безбедносни сили ќе ја применат нивната „света должност “ да ја заштитат својата земја. Многумина Пакистанци на американскиот напад врз резиденцијата на бин Ладен во градот Аботабад, гледаат како на прекршување на пакистанскиот суверенитет и ја обвинуваат владата и армијата дека не вложува доволно напори да ја прекине ваквата пракса.

Американски претставници рекоа дека до Пакистан не доставиле предупредување дека ќе ја изведат акцијата, поради загриженост дека бин Ладен и неговите соработници можат да избегаат. Главната исламистичка партија Џамат-е-Ислами за петок повикува на мирни масовни протести во кои би се осудиле САД.

XS
SM
MD
LG