Линкови за пристапност

САД повторно ја отворија амбасадата во Пакистан; конзулатите и натаму затворени


САД повторно ја отворија амбасадата во Пакистан; конзулатите и натаму затворени

САД повторно ја отворија амбасадата во Пакистан; конзулатите и натаму затворени

САД ја отворија својата амбасада во Пакистан, но конзулатите во два града во земјата се и натаму затворени за јавноста, еден ден откако американските сили го убија Осама бин Ладен

Американската амбасада во Исламабад соопшти дека продолжува со работа заедно со конзулатот во овој град, но конзулатите во Пешавар и Лахор привремено се затворени за „рутински бизнис“, но и натаму ќе понудат вонредни услуги за американските државјани.

Стејт департментот ги предупреди Американците кои живеат во странство да бидат дополнително претпазливи, заради стравувањата од можни одмазднички напади по смртта на лидерот на Ал Каида.

XS
SM
MD
LG