Линкови за пристапност

Пакистан: Смртта на бин Ладен е удар за терористичките групи


Пакистан: Смртта на бин Ладен е удар за терористичките групи
Пакистан: Смртта на бин Ладен е удар за терористичките групи

Акцијата за елимирање на бин Ладен е доследна на ветувањето на САД, кажа пакистански претставник

Пакистан ја окарактеризира смртта на Осама бин Ладен како голем удар за терористичките групи ширум светот, во време кога пакистанските Талебанци се заложија за интензивирање на напади врз американските и пакистански интереси.

Пакистанското Министерство за надворешни работи јави дека американскиот претседател Барак Обама разговарал телефонски со својот пакистански колега Асиф Али Зардари во понеделникот со кого дискутирал за убиството на бин Ладен за време на воената операција во пакистанскиот град Аботабад.

Пакистанскиот портпарол рече дека операцијата била изведена согласно декларираната американска политика дека бин Ладен ќе биде „елиминиран“ од американските сили „каде и да биде пронајден во светот“.

Владиното соопштение од Пакистан уследи неколку часа откако претседателот Барак Обама ја објави смртта на Осама бин Ладен.

Лидерот на Ал-Каида беше убиен во силно обезбедена куќа во градот Аботабад, на околу 50 километри северно од главниот град Исламабад.

Официјални лица за Гласот на Америка јавија дека САД не споделувале разузнавачки информации за операцијата со било која држава, вклучувајќи го и Пакистан и оти мал број на политичари во американската влада знаеле за планот.

Министерството за надворешни работи потсети дека ал-Каида објави војна на Пакистан и скоро 30.000 жители и 5000 членови на безбедносните сили загинале во терористички напади изминатите неколку години.

Пакистански Талебан се закани дека ќе продолжи со напади против Пакистан и американската влада како одмазда за смртта на бин Ладен.

Од Исламабад беше соопштено дека Пакистан одиграл значителна улога во напорите против тероризмот и оти нејзината територија не била искористена за терористички напади против било која држава.

Соопштението доаѓа во време на зголемена напнатост меѓу САД и Пакистан по апсењето на договорен работник во Пакистан, заради нападите со американски беспилотни летала врз упоришта на милитанти во северозападен Пакистан, како и по неодамнешниот извештај од Белата куќа дека Пакистан не прави доволно за поразување на Талебан и милитанти поврзани со ал-Каида од нејзината територија.

XS
SM
MD
LG