Линкови за пристапност

Зардари: Пакистан имал улога во потрагата на бин Ладен


Зардари: Пакистан имал улога во потрагата на бин Ладен
Зардари: Пакистан имал улога во потрагата на бин Ладен

Пакистанскиот претседател вели дека операцијата не била заедничка, но соработка имало со години

Пакистанскиот претседател Асиф Али Зардари изјави дека убиството на лидерот на Ал Каида Осама бин Ладен не била заедничка операција со неговата земја, но подвлече дека 10-годишната соработка со САД довела до елиминиција на „заканата за цивилизираниот свет.“

Во напис во весникот Вашингтон пост Зардари се осврнува на критиката дека Пакистан не бил доволно агресивен во гонењето на терористите, и тврди дека неговата земја е можеби најголемата жртва на тероризмот.

Пакистанскиот лидер пишува дека неговата земја е задоволна што помогнала да се идентификува курирот на Ал Каида преку кого американските претставници велат дека дошле до бин Ладен.

Зардари додаде дека по смртта на бин Ладен војната против оние кои целат на невини луѓе не е добиена, но дека се гледа почетокот на крајот.

XS
SM
MD
LG