Линкови за пристапност

САД го изменија исказот за убиството на Осама бин Ладен


САД го изменија исказот за убиството на Осама бин Ладен

САД го изменија исказот за убиството на Осама бин Ладен

Лидерот на Ал Каида не бил вооружен во моментот кога бил застрелан, вели Белата куќа

Прес-секретарот на Белата куќа Џеј Карни на новинарите им го пренесе текот на настаните од операцијата за убиство на лидерот на Ал Каида Осама бин Ладен во неделата. Информациите беа дадени и со консултација на американскиот Оддел за одбрана.

Во оваа верзија, американските сили биле целосно ангажирани во околу 40-минутната престрелка.

„На првиот спрат од резиденцијата на бин Ладен биле убиени двајца негови курири, заедно со една од жените во зградата. Бин Ладен и неговото семејство биле пронајдени на вториот и третиот спрат“, изјави Карни.

Портпаролот на американскиот претседател Барак Обама, истакна и дека бин Ладен им пружил отпор на американските сили, но не бил вооружен, што е спротивно на претходните извештаи.

Од Пентагон се дознава дека не се поддржуваат ниту информациите дека за време на престрелките, бин Ладен и другите станари ги користеле жените како човечки штит.

„Бин Ладен и неговото семејство биле про најдени на вториот и третиот спрат од зградата. Постоеше загриженост дека тој ќе пружи отпор на операцијата, што и го сторил. Во собара со него била една од неговите сопруги, таа истрчала накај американскиот напаѓач и била погодена во нога, но не и убиена. Веднаш потоа било пукано и во бин Ладен, по што бил убиен на лице место. Тој не бил вооружен.“, соопшти Карни.

Џеј Карни кажа и дека владините лица дискутираат и за тоа дали да објават фотографија од бин Ладен по неговата смрт со повредени од куршуми во неговото лица и гради. Карни фотографијата ја нарече „грозоморна“, потенцирајќи дека таа може да поттикне насилство.

XS
SM
MD
LG