Линкови за пристапност

Знајте ги претседателите


Знајте ги претседателите

Знајте ги претседателите

Од серијата „Само во Америка“ – уникатни погледи на животот во САД

Ова се петте минути за Ентони Пич. Овој писател и туристички водич живее во Вашингтон. Автор е на книгата „Ексклузивни информации за претседателите“, што содржи над 650 необични прашања и одговори за првите луѓе на САД. Непосредно пред празникот Денот на претседателите - 20-ти февруари, таа е хит меѓу оние кои доаѓаат во главниот град на земјата со мапа и камера во раката.

Пич излага несекојдневни факти, кои, како што вели, ја стимулираат меморијата и поттикнуваат интерес за историјата. Еве дел од нив.

Колкава била оддалеченоста на Ли Харви Освалд од претседателот Кенеди кога извршил атентат врз него во 1963-та година во Тексас, под претпоставка дека верувате дека тој навистинал пукал врз поранешниот претседател? 81 метар.

Кој од претседателите, не толку познат по добри манири, при посетата на Таџ Махал викал толку силно за да го чуе ехото? Линдон Џонсон.

Колку главни градови на сојузни држави се именувани по американските претседатели? За изненадување, само четири: Џеферсон во Мисури, Линколн во Небраска, Мадисон во Висконсин и Џексон во Мисисипи. Во Ајова има Клинтон, но тој град не е главен...

Доколку се случи и претседателот и потпретседателот да починат додека се на функција, кој ја презема власта? Претседателот на Претставничкиот дом. Кој сега е на таа должност е ново прашање што најверојатно би замислило многумина Американци. За Ваша информација – Џон Бејнер.

И, за крај, зошто ниту Бил Клинтон, ниту Џими Картер, ниту Буш постариот или пак помладиот немаат своја поштенска марка? Затоа што Американската пошта има стриктно правило дека ниту едно лице кое се` уште е живо - па оттаму и претседател - не може да се појави насликан на неа!

XS
SM
MD
LG