Линкови за пристапност

Обама со предлог-буџет за 2013 до Конгресот


Обама со предлог-буџет за 2013 до Конгресот

Обама со предлог-буџет за 2013 до Конгресот

Белата куќа вели - ќе ја стимулира економијата, републиканците возвраќаат - Обама го користи за свој повторен избор.

Денес Обама го доставува предлог-буџетот за 2013-та до Конгресот, што веќе го нарече „балансиран приод“ меѓу високите даноци и намалените трошоци.

Според Белата куќа, буџетот е направен така за да ја стимулира економијата на краткорочен план и да го намали дефицитот на долгорочен. Шефот на Кабинетот Џејкоб Лу рече дека буџетот ќе го намали долгот за 4 трилиони долари во наредната деценија преку зголемениот данок за корпорациите и богатите Американци и намалените владини трошоци.

Опозиционите републиканци го нападнаа планот, коментирајќи дека не е ништо друго освен обид на Обама повторно да биде избран на функцијата.

Фискалната 2013-та почнува во октомври, еден месец пред претседателските и конгресни избори во САД.

Планот на Обама за изгледот на новиот буџет вклучува кратење на трошоците од еден еден трилион долари, што е дел од постигнатиот договор меѓу Белата куќа и Конгресот минатиот август за решавање на буџетскиот дефицит и кревање на границата на националното задолжување.

Со договорот беше формиран и комитет што требаше да најде начин како да се намали дефицитот за дополнителни 1, 2 трилиони долари во следната деценија. Но, комитетот не успеа да постигне договор до истекот на рокот во ноември, со што автоматски ќе дојде до големи кратења во одбранбените и домашни програми на почетокот од јануари 2013-та.

XS
SM
MD
LG