Линкови за пристапност

Обама се залага за блискоисточни преговори


Обама се залага за блискоисточни преговори

Обама се залага за блискоисточни преговори

Најголема потреба досега Израелците и Палестинците да седнат на преговарачка маса, кажа претседателот по средбата со Кралот Абдула

„Вонредните промени“ на Блискиот Исток истакнаа досега најголема потреба Израелците и Палестинците да продолжат со мировните преговори, изјави американскиот претседател Барак Обама по синоќешната средба со јорданскиот крал Абдула во Белата куќа.

Обама ги повика обете страни да најдат начин да се вратат на преговарачката маса и да почнат процес за создавање на две држави кои ќе егзистираат една покрај друга во мир и безбедност. Тој кажа и дека САД и Јордан ќе продолжат да работат заеднички на решение за израелско-палестинскиот судир што кралот Абдула го окарактеризира како главно прашање на Блискиот Исток.

Мировните разговори се блокирани од септември, кога истече израелскиот мораториум за градење на населби. Палестинците инсистираат дека нема да се вратат на разговорите се` додека Израелците градат доселенички населби на земјиштето Палестинците го сметаат за дел од својата идна држава.

Претседателот Обама рече дека со јорданскиот крал дискутирал и за состојбата во Либија и, како што кажа самиот, рапидната трансформација на државите како Египет и Тунис. Обама рече обајцата дека се согласиле оти економските реформи треба да одат рака под рака со политичките промени.

Јордан не остана имун на демонстрациите кои го зафатија регионот. Уличните протести во март го принудија кралот Абдула да формира комисија кои ќе спроведе уставни промени, а мораше и да го смени непопуларниот премиер.

Претседателот Обама ги поздрави иницијативите на кралот Абдула и рече дека тие ќе биде добри за безбедноста и стабилноста на Јордан, како и за економскиот просперитет на јорданскиот народ.

Средбата Обама-Абдула доаѓа на два дена пред предвиденото обраќање на претседателот на САД за американскиот поглед на пресвртните и политички промени во регионот.

XS
SM
MD
LG