Линкови за пристапност

Европската турнеја на Обама ќе се насочи на економијата, безбедноста


Европската турнеја на Обама ќе се насочи на економијата, безбедноста
Европската турнеја на Обама ќе се насочи на економијата, безбедноста

Посети на Ирска, Британија, Франција и Полска

Американскиот претседател Барак Обама наредниот понеделник ќе замине на шестдневна европска турнеја по четири земји на која се очекува да го акцентира подобрувањето на глобалната економија, регионалната стабилност и односите меѓу европските земји.

Првата станица е Ирска, која минува низ должничка криза. Обама ќе посети мало место во земјата каде живееле некои од неговите претци. Речиси 37 милиони Американци тврдат дека имаат ирско потекло, а Обама вели дека двете земји имаат мошне блиски врски.

Американскиот претседател потоа ќе мине два дена во Лондон, во официјална посета што ќе ги преиспита таканаречените „специјални односи“ меѓу САД и Британија. Тој и првата дама Мишел ќе престојуваат во Бакингамската палата, а британската кралица Елизабета ќе приреди државна вечера во нивна чест. Обама ќе се сретне и со британскиот премиер Дејвид Камерун со кого ќе разговара за економијата, безбедноста и други прашања, а ќе се обрати и пред обата дома на Парламентот.

Од Британија, Обама ќе замине за Франција, каде ќе учествува на годишниот економски самит на Групата 8 водечки индустријализирани нации. Се очекува Обама да повика на построга фискална политика кон земјите со должнички проблеми – Грција, Португалија и Ирска.

Крајна станица на турнејата е Полска, каде Обама треба да потпише договор за стационирање на американски борбени авиони од типот Ф-16 на полска територија – предлог што ја разгневи Русија.

XS
SM
MD
LG