Линкови за пристапност

Делегација на чело со Џими Картер во Северна Кореја


Делегација на чело со Џими Картер во Северна Кореја

Делегација на чело со Џими Картер во Северна Кореја

На дневен ред нуклеарни прашања и се` посериозната хуманитарна криза во земјата

Група светски државници предводени од поранешниот американски претседател Џими Картер е во тридневна посета на Северна Кореја. Средбите со севернокорејското раководство, според најавите, ќе бидат посветени на нуклеарни прашања и се` посериозната хуманитарна криза во земјата.

Групата, во која се наоѓаат и тројца поранешни европски претседатели, во Пјонгјанг ја пречека севернокорејскиот заменик-министер за надворешни работи Ри Јонг Хо.

До посетата доаѓа во време на нов дипломатски обид за продолжување на шестраните разговори за севернокорејската нуклеарна програма. Кинескиот шеф на делегацијата на овие разговори, Ву Давеј, денес пристигна во Јужна Кореја за да разговара за условите за нивно продолжување.

XS
SM
MD
LG