Линкови за пристапност

Сан Антонио на чекор до финалето


Ја декласираше екипата на Оклахома во петтиот натпревар во финалето на Западната конференција на НБА

Екипата на Сан Антонио спарс на домашен терен ја декласираше Оклахома тандер со 117:89 и поведе со 3:2 во серијата „најдобар во седум натпревари“ во финалето на Западната конференција на НБА.

Ниту 25-те поени на носителот на титулата „најкорисен играч во Лигата“ Кевин Дурант не беа доволни да го запрат налетот на Сан Антонио. Кај домаќините, ветеранот Тим Данкан имаше блескава ноќ со 22 поени, Тони Паркер постигна 12, а Ману Џинобли 19 поени.

Следниот меч се игра во сабота во Оклахома Сити.

Вечерва, во финалето на Источната конференција играат Мајами хит - Индијана пејсерс. Мајами е домаќин, и води со 3:2.
XS
SM
MD
LG