Линкови за пристапност

Важна победа на Мајами


Важна победа на Мајами

Важна победа на Мајами

Поведе со 3:1 против Чикаго во финалето на Источната конференција на НБА

Со победа во продолжението, 101:93, Мајами поведе со 3:1 против Чикаго и само со уште еден триумф би ја заверил визата за финалето на НБА.

Чикаго имаше шанса да победи пред продолжението, но Дерик Роуз во два едноподруго напада не успеа да го пронајде кошот. Мајами потоа ја презеде ситуацијата во свои раце и славеше, најповеќе поради 35-те поени на Леброн Џејмс и 22-та на Крис Бош.

Тренерот на Мајами Ерик Сполстра вели дека натпреварите во овој циклус се тотална војна. „Полни се со надигрување и агресивна игра, колку што е можно повеќе“, кажа Сполстра.

Дерик Роуз од Чикаго призна дека поразот е на негова сметка. „Ова е моја грешка, но ќе научам од неа“, рече Роуз.

Следниот натпревар се игра во четврток во Чикаго.

Вечерва играат Далас-Оклахома. Далас води со 3:1.

XS
SM
MD
LG