Линкови за пристапност

НАСА работи на телескоп што ќе гледа во минатото


НАСА работи на телескоп што ќе гледа во минатото
НАСА работи на телескоп што ќе гледа во минатото

НАСА соопшти дека ќе го лансира телескопот Џејмс Веб во 2014 година

Светлината од галаксии оддалечени милијарди светлосни години е толку слаба што од видливиот спектар преминува во инфрацрвен сегмент и станува топлина. Може да ја открие инструмент на температура близу апсолутната нула. НАСА во моментов работи токму на ваков телескоп.

Во таканаречената „чиста соба“ на Вселенскиот центар Гобард на НАСА близу Вашингтон, инженерите составуваат телескоп наречен Џејмс Веб според вториот директор на американската вселенска агенција. Кога ќе биде лансиран во 2014-та, треба да може да погледне милијарди светлосни години далеку – во минатото.

Огледалото од 6,5 метри ќе биде способно да открие екстремно слаби инфрацрвени сигнали од вселената, бидејќи ќе се чува на мошне ниска температура, близу до апсолутната нула или − 273,15 степени Целизусови. Но, како научниците ќе погледнат во минатото? Објаснува Џонатан Гарднер, виш научник од проектот.

„Бидејќи треба време светлината да допатува од таму до тука, колку подалеку гледаме, толку повеќе време и` треба. Така, гледаме во минатото. Ако погледнеме доволно далеку, ќе погледнеме во времето кога вселената била многу помлада од денес, односно кога била емитувана светлина од тие далечни галаксии - речиси во времето веднаш по Големата експлозија“, вели Гарднер.

Научниците сакаат да дознаат кога се родиле првите галаксии, како изгледале, како се родиле ѕвездите.

Многумина се надеваат да најдат нешто за кое досега не се знаело.

Гарднер додаде и дека новиот телескоп ќе биде на располагање на научниците од целиот свет.

Телескопот ќе биде опремен со три инфрацрвени камери, најчувствителни од која и да е камера досега. Лансирањето е закажано за 2014-та, а животниот век на новото око на НАСА се проценува на 10 години. Телескопот ќе биде на милионипол километри од Земјата, за жал доволно далеку за да не биде на дофат за поправки и повторно полнење со гориво.

XS
SM
MD
LG