Линкови за пристапност

НАСА освојува астероид, вежба за иднината


НАСА освојува астероид, вежба за иднината

НАСА освојува астероид, вежба за иднината

„1999 RQ36“ на патека да се судри со Земјата во 2182-ра. Зошто научниците сепак не се загрижени?

Во текот на наредните пет години, Американската вселенска агенција - НАСА планира да лансира летало без човечки екипаж што ќе собере примероци од астероид. Научниците се надеваат дека тоа ќе даде нови информации за создавањето на Сончевиот систем и почетокот на животот. Мисијата е уште позначајна со податокот дека според научните прозенки, астероидот е на пат да се судри со Земјата, но за 171 година!

Астероидот „1999 RQ36“ кружи околу Сонцето секоја една ипол година, а секој септември ја минува орбитата на Земјата. Научниците пресметаа дека небесното тело широко 575 метри е на пат да се судри со Земјата некаде кон 2182-ра година, со потенцијално катастрофални резултати. Сепак, истите стручњаци велат дека до судирот нема да дојде, затоа што дотогаш човекот ќе има технологија да го отклони астероидот од кобната патека.

Вилијам Дрејк, директор на Месечевата и планетарна лабараторија при Универзитетот Аризона, е главен научник во програмата на НАСА Озирис-рекс за испраќање на летало што ќе го истражи астероидот. Лансирањето е закажано за 2016-та. Беспилотното вселенско летало ќе користи специјални камери и ултрацрвени спектрометри за да достави бројни податоци за огромната вселенска карпа.

Дрејк вели дека астрономите и инженерите веќе проучуваат кој е најдобриот начин астероидот да се отклони од патеката на судир со Земјата. На пример, да постават најлонско едро долго 800 метри на астероидот, што со помош на сончевите фотони ќе го отклони од патеката, исто како што бродските едра го користат ветрот за пловидба. Друга идеја е да се обои едната страна на астероидот во бело, што ќе ја смени количината на сончева светлина што тој ја привлекува, ќе го измести балансот на сончевите фотони на двете страни на астероидот и со тоа ќе го отклони од патеката.

Но, денешните научници ќе ја остават одлуката на кој начин да го скршнат астероидот на идните генерации, бидејќи судирот не е во ова столетие. Во меѓувреме, тие се надеваат дека мисијата со која ќе земат примероци од него ќе понуди одговор на некои од фундаменталните прашања за животот на Земјата.

Нешто повеќе од една година по набљудувањето на астероидот, леталото OSIR-Rex во рок од неколку недели се планира да се доближи до астероидот за да собере прав од неговата површина од каде, како што вели Дрејк, би се добиле солидни информации за потеклото на животот на Земјата.

Астероидите се карпести остатоци од формирањето на сончевиот систем пред околу 4,6 милијарди години. Вилијам Дрејк смета дека „1999 RQ36“ содржи доволни количини на амино-киселини – основните градежни елементи на животот, покрај раните органски материјали што денес не можат да се најдат никаде на Земјата. Науучниците веруваат дека таквиот органски материјал е сличен на оној што ја бомбардирал Земјата откако доволно се оладила за да се создадат услови за формирање на океани во течна форма. Токму во тој материјал НАСА ќе се обиде да го најде клучот за настанокот на животот на Земјата.

XS
SM
MD
LG