Линкови за пристапност

МВР ја анализира заканата од наводни припадници на Исламската држава


دیوان عالی آمریکا روز دوشنبه رای داد که تا بررسی فرمان اجرایی پرزیدنت ترامپ برای محدودیت سفر شهروندان شش کشور، بخشهایی از این فرمان اجرا شود.
دیوان عالی آمریکا روز دوشنبه رای داد که تا بررسی فرمان اجرایی پرزیدنت ترامپ برای محدودیت سفر شهروندان شش کشور، بخشهایی از این فرمان اجرا شود.

Оценува дека заканата е очекувана и е резултат на антитерористичката акција „Ќелија“

Македонското Министерство за внатрешни работи (МВР) соопшти дека ја анализира последната закана за Македонија на наводни припадници на милитантната организација Исламска држава и презема оперативни мерки за да утврди колку опасноста по безбедноста на државата е реална. Според МВР, заканата е очекувана и е резултат на последната антитерористичка акција наречена „Ќелија“ во којашто беа уапсени девет лица, наводни соработници на оваа терористичка организација.

„Направена е соодветна анализа во однос на серизноста на намерите и на моќта на лицето или групата што стојат зад тие закани и веќе постапуваме по нив. Според наши претпоставки, не станува за лице од Македонија, а во контакт сме со соседните служби и подготвени сме превентивно да постапиме доколку е тоа неопходно“, вели портпаролот на МВР Иво Котевски.

„Како можете мирно да спиете кога знаете дека вашите браќа се малтретирани, а нашите сестри се силувани во ѕверските затвори на Балканот? Ги заборавивте варварските војни на Словенските Крстоносци? Дали тоа не беа истите Крстоноси кои го направија хоророт во Косово и Куманово? Затоа, придружете се и станете тврдина на вашата вера. Придружете се, и донесете им терор на Крстоносците и нивните поддржувачи!”. Ова, како што пренесуваат медиумите, е дел од видео - пораката што извесен Сејфедин Ал-Албани ја упатува преку Фејсбук-страницата на редакцијата на албанскиот весник JavaNews.al, под лажен профил како Џавит Џавити, а беше поставена и на Јутјуб, но таму веќе не е достапна.

„Дојде времето да се ослободиме од репресијата на Словените, браќа Албанци”, наводно стои натаму во пораката којашто ги повикува сите Албанци во Македонија„да земат оружје и да се спремат за војна во Македонија и на Балканот“.

Според Котевски, во датотеката на МВР нема лице со вакви податоци.

„Досега такво лице со такви такви генералии не фигурира ниту пак оперативно фигурира кај нас, како наш државјанин со некаков евентуално променет идентитет откако стапил во редовите на ИСИЛ. Постојат индиции во однос на тоа кое е лицето и чиј државјанин е, но се работи на проверка и на утврдување на неговиот идентитет и на сериозноста на заканите што беа искажани“, вели тој.

Ова не е по првпат Македонија да биде спомената како цел во заканите на припадниците на Исламската држава. Минатиот месец, на Јутјуб се појави видео во коешто исламисти им порачаа на балканските земји, вклучувајќи ја и Македонија, дека ќе бидат дел од исламски калифат.

XS
SM
MD
LG