Линкови за пристапност

Маркетинг прилагоден за постарите потрошувачи


Маркетинг прилагоден за постарите потрошувачи
Маркетинг прилагоден за постарите потрошувачи

Првата група на таканаречени беби-бумерс, родени по Втората светска војна, годинава полни 65 години. За следнитедесет години бројот на Американците над 65 ќе скокне за околу 30 проценти. Американските трговци се трудат да се прилагодат на оваа потрошувачка популација

Што би било погрешно со комплетно опремен супермаркет, каде хигиената е на беспрекорно ниво? Многу, вели антропологот за купопродажба Џорџин Бендер. „Колку повеќе старееме, се` повеќе нешта ни пречат. На пример, подот“.

„Купувачите сакаат под што сјае, но за некој кој не е сигурен дали е безбедно да се оди по нив, може да е застрашувачки“, вели Бендер.

Потоа, тука се долгите редови со полици и производи кои можат да бидат поставени превисоко или прениско. Половина од популацијата над 65 години има некаква форма на артритис. Ја имаат и многумина од помладите. Посегнувањето и наведнувањето по продуктите станува се` потешко.

Националната федерација за купопродажба вели дека нејзините членови работат на тоа да го направат купувањето полесно.

Засега, повеќе се зборува за ова отколку што се прави.

Во многу продавници вратите не се автоматизирани. Ако сака муштерии продавачот е принуден да помогне со вратата. Други продавници пуштаат и музика, која можеби е привлечна за помладите, но не и за постарите луѓе. Всушност, постари лица велат дека одбегнуваат одредени места за пазарување токму од таа причина.

Некои продавници се приклучија на програма за лојалност спрема купувачи над 55 години, правејќи голем број адаптации на начинот на кој до сега го воделе бизнисот.

Џорџин Бендер напоменува дека главна работа е, без оглед за каква продавница станува збор, не треба никогаш своите муштерии да ги прави да се чувствуваат стари.

XS
SM
MD
LG