Линкови за пристапност

Има ли поврзаност меѓу излевањето на нафтата и ослободувањето на бомбашот од Локерби?


Има ли поврзаност меѓу излевањето на нафтата и ослободувањето на бомбашот од Локерби?
Има ли поврзаност меѓу излевањето на нафтата и ослободувањето на бомбашот од Локерби?

БП вели дека било јавно соопштено дека фирмата дискутирала со владата на Британија во 2007-та загриженоста за динамиката за финализирање на договорот со Либија за трансфер на затвореник. Но БП вели дека притоа не бил споменат случајот Меграхи.

Четворица американски сенатори побараа од американскиот Стејт департмент да спроведе истрага за тоа дали енергетскиот гигант Бритиш петролеум вршел притисок врз Британија да го ослободи единствениот човек обвинет за бомбашкиот напад во авион над Локерби, Шкотска, во 1988-та, само за да заштити нафтена зделка со Либија.

Во писмо до државната секретарка Хилари Клинтон, сенаторите велат дека доказите од продолжителното нафтено излевање од потонатата платформа во Мексиканскиот Залив се чини дека сугерираат оти БП би можел „да го стави профитот пред луѓето“.

Според законодавците, во септември било соопштено дека БП бил во комуникација со британската влада во врска со можно одложување на ослободувањето на бомбашот од Локерби, Абдел Басет ал-Меграхи, зашто тоа би можело да доведе во опасност нафтена зделка со Либија во висина од 900 милиони долари.

БП вели дека било јавно соопштено дека фирмата дискутирала со владата на Британија во 2007-та зазагриженоста за динамиката за финализирање на договорот со Либија за трансфер на затвореник. Но БП вели дека притоа не бил споменат случајот Меграхи.

XS
SM
MD
LG