Линкови за пристапност

Фридман: Негирањето на македонскиот јазик од страна на Бугарија е враќање во времето на фашизмот


Фридман: Негирањето на македонскиот јазик од страна на Бугарија е враќање во времето на фашизмот
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:15 0:00

Македонија е самостојна земја со самостоен јазик и тоа од 19 век. Уште тогаш имаше јазик со различна дијалекнта база од бугарскиот. Иако тие јазици се многу блиски, сепак се различни, вели академик Виктор Фридман.

Заклучокот на Бугарската академија на науки дека македонскиот јазик не постои, oдносно дека е дијалект на бугарскиот, е враќање во времето на фашизмот. Ова е став на професорот Виктор Фридман, акадeмик и долгогодишен шеф на Катедрата за словенски јазици и литератури на Универзитетот во Чикаго.

„Бугарите всушност, освен еден краток период од 46-та до 48-ма година, никогаш навистина не го признавале македонскиот јазик, а јас би рекол дека сегашната ситуација во Бугарија е враќање на ситуацијата во 30-тите години и раните 40-ти години. Значи времето на фашизмот кога Бугарите велат дека нема македонски јазик и дека македонскиот јазик бил бугарски. Сега велат дека сите македонски говори се бугарски, а во 99-та година нели признале македонски јазик, ама само официјалниот јазик во Република Македонија. За жал политиката на Бугарија се` уште е врзана со фашистичкиот период и тоа тешко да се промени затоа што веќе се влезени во Европа“, вели Фридман.

За жал политиката на Бугарија се` уште е врзана со фашистичкиот период и тоа тешко да се промени затоа што веќе се влезени во Европа
Виктор Фридман, академик


Тој смета дека Бугарија реагира и на Преспанскиот договор, но нејзините апетити се широки.

„Да го немаше Преспанскиот договор Бугарите ќе беа потивки затоа што Македонија ќе немаше шанси за во Европа заради Грција. Во 2016 година излезе нов атлас за бугарски дијалекти не само со цела Македонија, не само со дијалектите во Грција и во Албанија и Гора, но и цела источна Србија. И еве прашувајте ги Бугарите што мислат за ова со јазикот, ако не мислат исто така за територијата“, вели Фридман

Запрашан за тоа каде води ваквиот развој на настаните, Фридман рече: „Македонија е самостојна земја со самостоен јазик и тоа од 19 век. Уште тогаш имаше јазик со различна дијалекнта база од бугарскиот. Иако тие јазици се многу блиски, сепак се различни. Негирањето на македонскиот јазик и македонските дијалекти е дел од политиката на негирањето на македонското малцинство во Бугарија. Исто како што Грците го негираат и нивното македонско малцинство.“

Фридман повеќе од 30 години се занимава со лингвистиката на Балканот, член е на неколку академии на науки на Балканот, а Бугарија ја признала неговата експертиза наградувајќи го со јубилеен медал „1300 години Бугарија“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG