Линкови за пристапност

Нетанјаху: Израел подготвен за „тешки компромиси“ за мир


Нетанјаху: Израел подготвен за „тешки компромиси“ за мир

Нетанјаху: Израел подготвен за „тешки компромиси“ за мир

Во обраќањето пред американскиот Конгрес подвлече дека мирот со Палестинците е можен само преку преговори

Израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху е подготвен да направи „тешки компромиси“ за мир со Палестинците, но подвлече дека Израел нема да се врати на границите од 1967-ма година.

Нетанјаху беше срдечно поздравен во обраќањето пред обата дома на американскиот Конгрес. Тој беше дециден дека неговата земја нема да се врати на „неодбранливите“ граници од 1967-ма година, пред Шестдневната војна.

Израелскиот премиер смета дека конфликтот не постои заради формирање на палестинска држава, туку заради тоа што Палестинците не се подготвени да го прифатат постоењето на еврејска држава. Нетанјаху најави дека Израел би бил великодушен во големината на палестинската држава, но затоа кажа и дека Израел нема никогаш да дозволи поделба на Ерусалим.

Мирот, според Нетанјаху, може единствено да се постигне преку преговори, а Израел нема да преговара со палестинска влада поддржана од исламската милитантна група Хамас, која ја опиша како палестинска верзија на Ал-Каида.

Во обраќањето пред американскиот Конгрес Нетанјаху предупреди и на опасноста од нуклеарно вооружен Иран. Во ретката можност за еден државник да одржи говор во американскиот Конгрес, Нетанјаху ги подвлече цврстите врски со САД, опишувајќи го Израел како стабилен сојузник.

XS
SM
MD
LG