Линкови за пристапност

Обама, Нетанјаху се разликуваат по кој пат до мир


Обама, Нетанјаху се разликуваат по кој пат до мир

Обама, Нетанјаху се разликуваат по кој пат до мир

Нетанјаху изјави дека Израел е подготвен да направи отстапки, но дека нема да се врати во границите од 1967-ма, како што сугерираше Обама

Американскиот претседател Барак Обама и израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху по петочната средба во Белата куќа рекоа дека меѓу нив и натаму има разлики за тоа по кој пат да се дојде до мир на Блискиот Исток.

Средбата уследи само еден ден откако Обама, во говор за случувањата на Блискиот Исток и во Северна Африка, кажа дека евентуалните идни граници на Израел, во рамки на решението на израелско-палестинскиот спор, би требало да се базираат на линиите пред Шестдневната војна од 1967-ма, но под одредени услови.

Нетанјаху по средбата изјави дека Израел е подготвен да направи отстапки, но дека нема да се врати во границите од 1967-ма, затоа што не ќе може да се одбрани.

Палестинците, кои лобираат за своја посебна држава, го прифатија предлогот на Обама од говорот. Па сепак, Обама по средбата со Нетанјаху кажа дека Палестинците „треба да одговорат на тешки прашања“ во однос на вклучувањето на милитантната фракција Хамас во мировниот процес.

XS
SM
MD
LG