Линкови за пристапност

ММФ: Светската економска прогноза „не ветува“


ММФ: Светската економска прогноза „не ветува“
ММФ: Светската економска прогноза „не ветува“

Фактори слабиот растеж во САД и другите развиени економии, задолженоста на Грција и земјотресот во Јапонија.

Неодамнешниот тренд во главните светски економии „не ветува“, наведува Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и предупредува дека има се поголема можност од нов пад во глобалната економија.

Во Светската економска прогноза на ММФ, објавена петокот, стои дека глобалната економија во првите три месеци на годината се ширела со стапка од 4.3%. Сепак, организацијата укажува на неодамнешните слаби економски индикатори во САД и другите равиени економии и проценува дека нивниот растеж во текот на наредната година ќе биде слаб – само 2,5%.

Глобалната инфлација нараснала од 3,5% во последните три месеци на 2010-та на 4% во првиот квартал на оваа година, што е двојно повеќе од предвидедното во претходната Светска економска прогноза, објавена во април.

Новиот извештај укажува дека може да се прошири најновата загриженост за финансиската стабилност на Грција и други европски земји, како и дека голем број земји може и` натаму да трпат економски последици од земјотресот и цунамито во Јапонија.

Брзо растечките економии на кои им требаат суровини исто така може да имаат проблеми, вели ММФ, поради тоа што се` поголемата побарувачка ги крева цените на горивото и храната.

XS
SM
MD
LG