Линкови за пристапност

Кауција за довчерашниот директор на ММФ


Кауција за довчерашниот директор на ММФ
Кауција за довчерашниот директор на ММФ

Следното рочиште по обвинието за сексуален напад е закажано за 6-ти јуни

Њујоршки судија одобри кауција од еден милион долари за довчерашниот директор на Меѓународниот монетарен фонд Доминик Строс-Кан. Тој ќе биде во домашен притвор, под електронски мониторинг, чекајќи го следното судско рочиште по обвинението за сексуален напад на собарка во хотел во Њујорк.

Покрај кауцијата, судијата одлучи и за дополнителна гаранција од пет милиони обезбедени од семејството. Строс-Кан, инаку француски државјанин и евентуален кандидат на француските социјалисти за претседателските избори, ќе биде надгледуван од стражари во изнајмен апартман во Њујорк. Доколку биде осуден за виновен, би можел да добие казна затвор од неколку децении. Тој веќе ги предаде патните исправи на американските власти.

Обвинителите се против негово ослободување, тврдејќи дека има богатство и врски што може да му овозможат да избега од САД. Строс-Кан тврди дека не е виновен. Следното рочиште е закажано за 6-ти јуни.

XS
SM
MD
LG