Линкови за пристапност

Да се прават повеќе работи истовремено е потешко отколку што изгледа


Да се прават повеќе работи истовремено е потешко отколку што изгледа

Да се прават повеќе работи истовремено е потешко отколку што изгледа

Нова студија вели дека поделба на вниманието на повеќе важни работи во исто време, е непродуктивно

Ако пишувате писмо или правите домашна работа додека гледате телевизија, најверојатно ништо од тоа не правите како што треба.

Научниците направиле експеримент во кој проучувале 40 лица кои сметале дека се добри во вршење повеќе задачи оддеднаш. На лицата им бил даден лап-топ комјутер и телевизор со далечински управувач.

На волонтерите, 20 студенти и 20 повозрасни лица кои работеле на Колеџот Бостон во Масачусетс, им било кажано дека за половина час можат да прават што сакаат, освен да разговараат на нивните мобилни телефони.

Главниот автор на студијата Адам Брасел, од Катедедрата за маркетинг, вели дека научниците поставиле камери за да ги следат активностите на учесниците во проекот.

Идејата била да се регистрира колку често волонтерите се ангажирале во работа на комјутер и гледање телевизија и обратно.

„Луѓето кои сметале дека се добри во извршувањето на повеќе работи одеднаш, всушност задачите ги изведуваат некомплетно“, вели Брасел.

Овој научник истакнува дека тој и неговите колеги очекувале на учесниците да им биде одвлечено вниманието од едно на друго, но тоа што ги изненадило било честотата со која тоа се случувало - во просек 120 пати во 27,5 минути.

Брасел додава дека постојат се` повеќе докази дека фокусирањето на повеќе работи истовремено може да биде катастрофално за работата.

„Секогаш кога ќе го свртите вниманието од една задача на друга или од еден медиум на друг, користите многу когнитивни ресурси за пренасочување на процесот и мислењето кон новата задача. При секој обид на свртување на вниманието од една задача на друга, се губи време, се губи продуктивност и способност за фокусирање“, смета Брасел.

XS
SM
MD
LG