Линкови за пристапност

Филип Гордон на балканска турнеја

Филип Гордон на балканска турнеја
Филип Гордон на балканска турнеја

Државниот помошник-секретар ќе ги посети Босна, Србија, Косово и Хрватска од 13-ти до 17-ти јуни

Државниот помошник-секретар за европски и евроазиски прашања Филип Гордон од 13-ти до 17-ти јуни ќе биде на турнеја по Балканот. Стејт департментот соопшти дека посетите на Босна и Херцеговина, Србија, Косово и Хрватска се со цел да ја подвлечат поддршката што САД ја даваат на земјите на Западниот Балкан во време кога тие градат просперитетни, мирољубиви и демократски општества на патот кон заслуженото место како целосни членки во европската и евро-атлантската заедница.

Гордон во Босна ќе одржи говор за американската политика на Балканот, на конференцијата што ја организираат Центарот за трансатлантски односи при Универзитетот Џонс Хопкинс и Фондацијата Америка – Босна, а ќе се сретне и со владини и политички лидери во земјата. Во Србија, Косово и Хрватска, Гордон со виши владини претставници и општествени лидери ќе разговара за прашања од обостран интерес, стои во соопштението на Стејт департментот.

XS
SM
MD
LG