Линкови за пристапност

Притисок за истрага по наводите за таканаречени „тестови за невиност“


Притисок за истрага по наводите за таканаречени „тестови за невиност“
Притисок за истрага по наводите за таканаречени „тестови за невиност“

Тестовите биле изведени врз египетски жени кои биле приведени по протести на 9-ти март

Активисти и групи за заштита на човековите права ги повикуваат воените власти во Египет да поведат истрага по наводите дека војници примениле таканаречени „тестови за невиност“ врз женски притворенички.

Според тв-мрежата Си-Ен-Ен, виш генерал признал дека безбедносните сили вршеле такви тестирања врз неколку жени приведени за време на протестни собири неколку недели по демонострациите во кои беше соборен претседателот Хосни Мубарак од власт.

Си-Ен-Ен цитира неименуван египетски генерал кој вели дека „тестовите за невиност“ биле применети за жените да не можат да тврдат дека биле силувани додека биле во притвор.

20-годишна приведена жена изјавила дека стражарите ја принудиле да ја соблече облеката и ја подложиле на електрични шокови, а машки лекар го вршел прегледот. Таа рекла дека добила закани дека ќе биде обвинета за проституција.

XS
SM
MD
LG