Линкови за пристапност

Мисисипи носи поплави, задава економски главоболки


Мисисипи носи поплави, задава економски главоболки

Мисисипи носи поплави, задава економски главоболки

Спасувањето на поголемите градови Батон Руж и Њу Орланс не беше без цена

Американската армија во Луизијана намерно отвори одвод за излевање на надојдените води на Мисисипи, за да спречи поплави појужно, на главниот град Батон Руж, и на Њу Орлеанс, кој веќе виде доста мака со ураганот Катрина.

Но, нивното спасување има своја цена.

Стручњаците велат дека одлевањето од браната Морганза ќе поплави фарми и бизниси во областа во која до саботата живееја 25.000 луѓе.

Поради поројните дождови и топењето на снегот, Мисисипи веќе поплави стотици домови и бизниси, уништи многу насади. Првичните проценки се штета од над милијарда долари.

Ако водата не беше намерно излеана, постоеше опасност од покататсрофални последици. Жителите резигнирано констатираат дека немало голем избор.

„Вака најверојатно ќе бидат поплавени 30.000 до 60.000 луѓе, но во спротивно ќе го загубевме Батон Руж или Њу Орлеанс. Значи, говориме за милион луѓе и милијарди долари вредни бизниси“, вели Џери Бергер, кој е од Луизијана.

Тоа, сепак, не е утеха за оние кои ќе ги загубат домовите пред надојдените води, а особено оние кои немаат осигурување.

„За жал, немам осигурување на домот во случај на поплава. Вообичаено поседувам, но ништо не се случи лани и го откажав осигурувањето, затоа што едвај врзувавме крај со крај“, коментира жителот на Луизијана Џом Морисон.

Штетата од невремиња во САД годинава веќе достигна 5 милијарди долари, а, како тргнало, за жал може и да го надмине рекордот од 2008-ма од 9 милијарди долари.

XS
SM
MD
LG