Линкови за пристапност

Избори во Македонија 2011: Гласање на дијаспората во Вашингтон


Избори во Македонија 2011: Гласање на дијаспората во Вашингтон

Избори во Македонија 2011: Гласање на дијаспората во Вашингтон

Иселениците горди што за прв пат гласаат за претставник во Собранието.

Македонските иселеници во главниот град на САД саботата за прв пат го остварија правото на глас на едни избори.

„Среќни сме што можеме да гласаме, да го дадеме нашиот глас.“, вели Крум Иванов од Мериленд.

„Гласањето го оценувам позитивно, затоа што ние сме исто Македонци, се залагаме да успеат реформите во Македонија, да биде просперитетна држава, да оди напред“, вели Милка Ковач од Вашингтон.

Избори во Македонија 2011: Гласање на дијаспората во Вашингтон

Избори во Македонија 2011: Гласање на дијаспората во Вашингтон

Имаше и такви кои минале долг пат да го остварат демократското право. Драги Коњановски со семејството дојде од дури од Флорида, по два дена патување со автомобил.

„Не ми претставуваше тешкотија. Ова ми беше баш желба, да имам можност, по шест години откако живеам во Америка, да гласам за македонскиот парламент“, рече Коњановски по гласањето.

Гласачите очекуваат од идниот претставник на дијаспората, да ги претставува во најдобра светлина, да се грижи за нив, да ги зближува и да ја воспоставува и одржува врската со Македонија.

Некои изразија и поинакви видувања како и каде, и за кого гласаат.

Борко Ханџиски, кој работи во Светската банка во Вашингтон вели:

„Онаа група на граѓаните кои се на привремен пристој или работат во странство, се гледаат не само како граѓани, туку и како жители на Република Македонија. Јас лично барем би сакал да гласам за оној кандидат кој ја претставува мојата општина и место на живеење, отколку за кандидат кој ја претставува дијаспората, во конкретниот случај Северна Америка“.

Претседателката на избирачкото место 5040 Сунчица Јовановска се надева дека до крајот на денот, се` поголем број гласачи ќе го искористат правото на глас. На ова гласачко место се регистрирани 48 лица.

„До сега се излезени 42% од регистрираните гласачи. Задоволувачко е ,затоа што не минало ниту пладне“, вели Јовановска.

Амбасадорот Зоран Јолевски смета дека гласањето само ќе ги зајакне врските меѓу матичната земја и иселениците.

„Ова се историски избори, за прв пат македонската дијаспора бира свој претставник во македонскиот законодавен дом и со овие избори треба да се зајакнат врските меѓу дијаспората и Република Македонија, што на долг рок ќе има позитивно влијание“, коментира првиот човек на Македонија во САД.

XS
SM
MD
LG