Линкови за пристапност

Цените на домовите во САД и натаму паѓаат


Цените на домовите во САД и натаму паѓаат

Цените на домовите во САД и натаму паѓаат

Истовремено расте песимизмот кај американските потрошувачи

Според извештајот на Кејс-Шилер за имотна состојба, во кој биле вреднувани 20 американски градови, индексот бил 3,6 проценти помал споредено со истиот месец минатата година.

Високата невработеност значи дека луѓето ги немаат потребните месечни примања за да ги отплаќаат кредитите за своите домови, додека има и луѓе кои се загрижени дека нема да ги задржат своите работни места и не се впуштаат во дополнителни долгови.

Банките ги заострија стандардите за позајмување што значи дека многу помалку луѓе можат да се квалификуваат за станбен кредит.

Извештаите како овој и високите цени на бензинот се меѓу причините зошто кај американските потрошувачи месецов е забележан зголемен песимизам, додека довербата кај американските потрошувачи е на најниско ниво во последниве шест месеци.

Економистите на довербата на потрошувачите гледаат како показател за темпотот на потрошувачка што се смета за двигател за поголемиот дел на американската економска активност.

XS
SM
MD
LG