Линкови за пристапност

Тибетскиот духовен лидер ја предводеше традиционалната молитва со која се отвара сесијата на американскиот Сенат

Духовниот лидер на Тибет во егзил Далај Лама направи историја предводејќи ја традиционалната молитва на отварање на седницата во американскиот Сенат.

Далај Лама неколку пати го посетил Конгресот, но ова е прв пат да ја предводи молитвата на законодавците.

Зборуваше на тибетски, и потоа ја кажа, како што рече, неговата омилена дневна молитва, која му дава внатрешна сила.

Подоцна во денот, Далај Лама се сретна со претседателот на Претставничкиот дом, Џон Бејнер и со лидерката на малцинството, демократката Ненси Пелоси.

Во интервју за емисијата на водителот Лари Кинг, Далај Лама рече дека не се противи на истополовите бракови. Според него, ако двајца така се чувствуваат, тоа е нивна приватна работа, и е во ред.
XS
SM
MD
LG