Линкови за пристапност

Клинтон: Борбата против тероризмот не е завршена


Клинтон: Борбата против тероризмот не е завршена
Клинтон: Борбата против тероризмот не е завршена

Властите во САД предупредуваат дека aл-Каида и натаму е активна

Американската државна секретарка Хилари Клинтон истакна дека борбата против aл- Каида и тероризмот нема да прекине со смртта на Осама бин Ладен.

Клинтон истакна дека САД безмилосно ќе ги гонат оние кои убиваат невини луѓе.

Таа додаде дека САД ќе ја продолжат борбата против Талебан во Авганистан, предупредувајќи ја групата дека не може да ги уништи или порази САД. Клинтон истакна дека Талебан има избор - да ја напушти aл-Каида.

Во меѓувреме, директорот на ЦИА Лион Панета изјави дека терористичките групи „речиси сигурно“ ќе се обидат да се одмаздат за смртта на Осама бин Ладен. Панета додаде дека лидерот на ал-Каида е мртов, но ал-Каида не е.

Американскиот Оддел за домашна безбедност соопшти дека не планира да издаде ново предупредување за САД, но подвлече дека земјата останува на „зголемено ниво на предострожност.“

Американскиот Стејт департмент ги предупреди Американците кои живеат или патуваат во странство да бидат дополнително претпазливи по убиството на бин Ладен.

Во предупредувањето за патување за целиот свет издадено денеска се вели дека убиството на лидерот на ал-Каида можно е да поттикне „анти-американско насилство“ во одредени области.

XS
SM
MD
LG