Линкови за пристапност

Хилари Клинтон ќе патува во Турција, Грција и Индија


Хилари Клинтон ќе патува во Турција, Грција и Индија

Хилари Клинтон ќе патува во Турција, Грција и Индија

Клинтон во Атина, на 17-ти и 18-ти јули, ќе има средби со политичкиот врв на државата

Американската државна секретарка Хилари Клинтон од 15-ти до 16-ти јули ќе престојува во Турција, каде ќе учествува на средбите на Контакт групата за Либија, а ќе има и билатерални средби со турските претставници. Средбите на Контакт групата на меѓународната заедница и` дозволуваат да ги координира ставовите на наредните чекори за случувањата во Либија.

Стејт департментот соопшти дека од 17-ти до 18-ти јули, шефицата на американската дипломатија ќе отпатува и во Грција, каде ќе се сретне со претседателот Папуљас, премиерот Папандреу, министерот за надворешни работи Ламбринидис и други политички лидери. Акцентот на разговорите ќе биде ставен на прашања од заеднички интерес.

Следна станица на секретарката Клинтон ќе биде Индија на втората рунда од Американско-индискиот стратешки дијалог, што ќе се одржи во Њу Делхи на 19-ти јули.

XS
SM
MD
LG