Линкови за пристапност

Принцот Чарлс ја истакна потребата од одржливо земјоделство


Принцот Чарлс ја истакна потребата од одржливо земјоделство

Принцот Чарлс ја истакна потребата од одржливо земјоделство

Локалното земјоделство е клучот за одржување на отпорноста на целиот еко-систем

Британскиот принц Чарлс ја истакна потребата од одржливо земјоделство, велејќи дека тоа е најважно нешто за создавање на трајни системи за храна за иднината.

Принцот, кој е поборник за оддржување на чиста животна средина, имаше обраќање на конференција за производство на храна на Универзитетот Џорџтаун во Вашингтон. Тој подоцна ќе има и средба со американскиот претседател Барак Обама.

Принцот од Велс подвлече дека глобалниот еко-систем е „во најмала рака – под стрес“ и е неоддржлив. Тој истакна дека клучот на проблемот е во непочитувањето на важноста на одржливото локално земјоделство од страна на индустријализираниот свет.

Тој повика на акција за формирање на поотпорен систем за производство на храна со цел обезбедување на поопстојна иднина за глобалната животна средина. Принцот Чарлс вели дека локалното, одржливо земјоделство е клучот за одржување на отпорноста на целиот еко-систем.

Наследникот на британскиот трон има своја органска фарма веќе 25 години. На неа се одгледуваат животни, се продава органска храна и се образуват луѓето за храната, земјоделството, здравјето и животната средина.

XS
SM
MD
LG