Линкови за пристапност

Неизвесноста во преговорите за дефицитот зема данок


Неизвесноста во преговорите за дефицитот зема данок

Неизвесноста во преговорите за дефицитот зема данок

Се одразува на сопствениците на бизниси кои чекаат на јасни знаци од владата

Додека законодавците во САД расправаат за висината на националниот долг и разменуваат обвинувања за тоа кој е виновен за националната стапка на невработеност од 9,2%, многумина сопственици на бизниси сакаат да знаат: дали економијата напредува, дали има реална причина да се верува на Вашингтон дека е безбедно да почнаат да вработуваат работници и редица други прашања.

Во компанијата Карлос интериорс во Крофтон, Мериленд, сопственичката Кристина Урија гледа трошка надеж. Бизнисот пораснал за 15% споредено со минатата година.

Во 2008-ма, кога започна рецесијата, бизнисот на Урија опадна за 60%. Како и многу други сопственици на мали бизниси, морала да донесе некои болни одлуки за да остане во игра.

„Моравме да отпуштиме четворица. Во вакви услови, компаниите стануваат помали и посурови. Се` што не е неопходно, отпаѓа“, вели Урија.

Имало цели месеци кога во оваа компанија, што постои веќе 25 години, немало работа затоа што никој не доаѓал во нејзиниот дизајнерски центар. Бизнисот сега почнува да се опоравува, но Урија не е подготвена да вработува нови луѓе.

„Владата во Вашингтон не ни дава вистински сигнали“, коментира таа.

Урија смета дека реториката меѓу Белата куќа и Конгресот околу тоа како да се реши дефицитот и националниот долг само додава на конфузијата.

Многу економисти се согласуваат дека на бизнисите им треба појасна слика за состојбата во која е економијата пред да почнат повторно да вработуваат.

Ајман Ел Тарабишу, кој предава економија на Универзитетот Џорџ Вашингтон, вели: „Додека политичарите не се договорат и не се покаже какви се импликациите – бизнисите ќе чекаат“.

Кристина Урија коментира дека искуството последните две години ја направило мошне внимателна. Дури и да почнам да вработувам, вели таа, најголем дел од вработените нема да бидат со полно работно време и со сите бенефиции.

XS
SM
MD
LG