Линкови за пристапност

Македонија трага по инвеститори на западниот брег на САД


Македонија трага по инвеститори на западниот брег на САД
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:00 0:00
Direct link

Ниските даноци и трошоци за водење на бизнис истакнати како адути на промоцијата во Лос Анџелес.

Под наслов „Maкедонија - најконкурентна европска бизнис дестинација“, владина делегација на чело со премиерот Никола Груевски во неколку градови на западниот дел на САД деновиве објаснуваше зошто странските бизнисмени треба да вложат од својот капитал во земјата.

Македонија е меѓу најинтересните земји која за кус период ги подобри условите за водење бизнис, коментира за Гласот на Америка на македонски Габриел Годар, виш економист на Светската банка од Вашингтон, на маргините на бизнис-форумот во Лос Анџелес што организираше македонската влада.

„Најголем адут на Македонија е стабилната макроекономска политика“, вели Годар, според кој ниските даноци и трошоци за водење бизнис, но и конкурентната работна сила, се добра мамка за странските инвеститори.

За Гери Тобен, претседателот и извршен директор на Стопанската комора на Лос Анџелес, слободните економски зони и 10-годишното даночно олеснување за инвеститорите ја прават Македонија инвестициона мека и уникатен влез до европскиот пазар од 250 милиони жители преку склучените Договори за слободна трговска размена со соседите и повеќето членки на ЕУ.

Во Лос Анџелес беше отворен и почесен конзулат на Македонија во сојузната држава Калифорнија. Новоименуван конзул е Ендрју Пејков, етаблиран американски бизнисмен од македонско потекло, сопственик на повеќе фабрики за вода за пиење во пластична амбалажа, со годишен обрт од една милијарда долари.

За премиерот Никола Груевски, придружуван од вицепремиерот за екомски прашања Владимир Пешевски, министерот за странски инвестиции Веле Самак и првиот човек на „Инвестирајте во Македонија“ Висар Фида, настапот пред 100-тина бизнисмени во Лос Анџелес не беше единствена станица во САД – промоцијата на инвестиционите можности ги однесе и во Детроит, Хјустон, и Сиетл.
XS
SM
MD
LG