Линкови за пристапност

Краткочен позитивен тренд на светските берзи по веста за бин Ладен


Краткочен позитивен тренд на светските берзи по веста за бин Ладен
Краткочен позитивен тренд на светските берзи по веста за бин Ладен

Тероризмот останува, но економијата се враќа на старите текови

Речиси 10 години од најкатастрофалниот терористички напад на американско тло, спонтани прослави беа реакцијата на веста дека најбараниот терорист во светот, Осама бин Ладен, е мртов.

Позитивен тренд беше веднаш регистриран и на светските пазари на акции, од Азија, во Германија и САД.

Карстен Брзески е виш економист во компанијата Ај-Ен-Џи:

„Насекаде имаше очигледен знак на олеснување. Порасна вредноста на акциите на светските пазари, доларот зајакна до одредено ниво, а цените на златото и нафтата забележаат благ пад. Дефинитивно финансиските пазари прославуваа огромен чекор за борбата против тероризмот.“

Сепак, олеснувањето не траеше за долго. Експертите велат дека не може да се каже дека тероризмот повеќе не постои по смртта на бин Ладен и дека и натаму треба да се соочуваме со огромна опасност, дури наредните недели, месеци и години.

Веќе во вторникот, каква и да е еуфорија по американската акција во Пакистан резултираше со актуелизирање на друг вид на загриженост – од глобалнот влијание на зголемената инфлација во Кина до зголемените каматни стапки во Индија. Иако веста за елиминацијата на бин Ладен помогна да дојде до намалување на цените на енергијата, стручњаците се категорични дека други фактори на крајот ќе бидат одлучувачки за тоа дали цените на нафтата и гасот и натаму ќе растат.

Овде се издвојуваат немирите во Северна Африка, Либија, дополнителните немири во Сирија, сите во региони каде се произведува нафта.

XS
SM
MD
LG