Линкови за пристапност

Голема недела – посвети се на другите


Голема недела – посвети се на другите

Голема недела – посвети се на другите

50.000 волонтери од Калифорнија секоја година минуваат викенд помагајќи во заедниците каде е најпотребно

Десетици илјади луѓе од Калифорнија, изминатиот викенд го минаа во расчистување, поправање и бојадисување. Тридневниот волонтерски настан наречен Голема недела се оддржува од 1999-та, секоја година. Многумина велат дека годинава, со оглед на економската рецесија, има уште поголема потреба од волонтери.

Работата е тешка, но задоволството е неизмерно, велат волонтерите. Организирани преку цркви, семејства и поединци од Лос Анѓелес, тие пристигнаа в мугри за да учествуваат во проектот што претставува најголем регионален настан за доброто на локалните заедници во САД. Годинава целта беше да се трансформира Основното училиште Логан за еден ден.

„Восхитен и возбуден сум за нашата заедница, особено бидејќи минуваме низ мошне тежок економски период, а немаме доволно работна сила“, вели директорот на училиштето Луис Очоа. Поради економската ситуација изминативе неколку години, биле отпуштени повеќе наставници.

Ситуацијата ја спасија волонтерите. Можеби се нарекува „Голема недела“, но таа прерасна во 3-дневен настан.

Дејвид Левинсон го започнал проектот пред 12 години со само 300 лица.

„Има волонтери кои се бездомници, но и филмски ѕвезди. Сите се третираат и вредат подеднакво“, вели тој.

Ширум Калифорнија, денес во рамки на проектот волонтираат преку 50.000 лица, помагајќи во заедниците каде е најпотребно.

Токму тоа го искуси бесплатна клиника за сиромашни во Венис, мало гратче во Калифорнија. Со оглед на лошата економска ситуација, од клиниката велат дека без волонтерите од Голема недела - тие не ќе можеле да опстанат.

XS
SM
MD
LG