Линкови за пристапност

Политичката криза може да води до бинационална држава


Експерти за политичката ситуација во Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:00 0:00

Експерти ги коментираат настаните во Македонија

Македонија наместо да оди напред кон вистинско граѓанско општество, се враќа назад на прашања од 90-те години, вели за Гласот на Америка, професорката Биљана Ванковска.

„Изминативе две години очекувавме дека на агендата се наоѓаат прашањата на лошиот исход на демократските процеси, корупција, партизација. Салто морталес се случува во политиката да се вратиме на некои базични прашања кои само ги продлабочуваат поделбите и не' доведуваат на опстанок на државата“, вели Ванковска.

Македонија, унитарна или бинационална држава, Ванковска вели дека земјата дефакто и во изминатите години фунционирала како би национална. Според неа, оваа криза е резултат на политичките елити, а не на барањата на албанските или македонските граѓани.

„Таа се кристализира како бинационална држава бидејки другите групи се маргинализирани и не постојат во сликата. Се' се сведува на политика на взаемни уцени и остапки меѓу Македонците и Албанците. Не е од сега. Тоа е вградено во механизмите воведени со Рамковниот договор на тоа споделување на власта и на коалицирање на едните со другите по дифолт“, додава Ванковска.

Рубин Земон, експерт по мултикултурализам, вели дека сегашниот интеретнички колфликт ја враќа Македонија назад дваесет и повеќе години. Според него, државата нема друга алтератива освен да гради мултиетничко општество.

„Македонија со политиките кои ги градеше во изминатите 16 години се' повеќе одеше и се добиваше перцепција на биетничко и бикултурно општество, не би рекол бинационално. И за жал се задуши граѓанскиот концепт“, смета Земон.

За овие прашања и за други актуелни предизвици со кои се соочува Македонија, во Охрид неодамна се одржа меѓународна конференција која беше во организација на Школата за јавни политики Мајка Тереза.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG