Линкови за пристапност

Балканскиот рис пред исчезнување?


Состојбата е алармантна, велат еколозите, според кои преостанале само околу 30 единки

Мартин е еден од 30-тината Балкански рисови во Македонија. Преку програмата за закрепнување на овој загрозен животонски вид, еколозите од Македонското еколошко друштво преку методот на фото-замки се обидуваат да го утврдат нивниот точен број во земјата.

Александар Стојанов, раководител на програмата за закрепнување на Балканскиот рис, вели дека веќе една деценија спроведуваат вакви активности.

„Имаме заловувано четири единки на Балкански рис, кои ги следевме со „џи-пи-ес“ систем околу вратници, со цел да добиеме што е можно повеќе информации за биологијата и екологијата на овој подвид“, вели Стојанов.

Состојбата со Балканскиот рис во Македонија е алармантна, велат од Македонското еколошко друштво (МЕД). Нивните активности на терен покажале дека во земјава егзистираат не повеќе од 30 возрасни единки.

Од минатата година, тој е дел од листата на критично загрозени подвидови на Меѓународната унија за заштита на ретки видови животни.

Стојановски додава дека ако не се преземат конкретни мерки, тој би се соочил со исчезнување. Главна закана се криволовството и намалувањето на популацијата на неговиот плен.

„Државата го има заштитено, меѓутоа треба да се изготви акционен план за управување со овој вид во Македонија со којшто ќе се дефинираат сите активности за мониторинг на неговата популација, но и за другите животни кои се негов плен, како срната или дивокозата“, вели Стојановски.

Првиот рис кој го заловиле го именувале Марко бидејќи го фатиле во Националниот парк Маврово во 2013-та година.

„Нас не ни се познати причините зошто тој се лови бидејки во Македонија неговиот лов е трајно забранет со закон. Ако се дознае дека некој криво ловел рис, тој кривично ќе одговара. Не сме слушнале дека некој е обвинет за убиство на рис иако имаме информации дека три до пет единки годишно угинуваат дали по патиштата како прегазени од криво лов“, вели Ѓорѓе Иванов од Македонското еколошко друштво.

Инаку главното јадро на Балканскиот рис се наоѓа во Националниот парк Маврово. Освен во Македонија ова животно е регистрирано и во Албанија и Косово. Инаку рисот е присутен и на банкнотата од пет денари и може да се искористи и за промоција на регионот за туристички цели.

XS
SM
MD
LG