Линкови за пристапност

Македонија: „Власта намерно создава чувство на страв“


Македонија: "Власта намерно создава чувство на страв"
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:52 0:00

Македонија: "Власта намерно создава чувство на страв"

Ново истражување покажа дека 33 отсто од испитаниците одговориле дека веруваат оти може да се дознае за секој граѓанин како гласал на денот на избори.

Атмосферата на страв во Македонија опаѓа – покажува истражувањето на Македонскиот центар за европско образование. Резултатите, кои се темелат на телефонска анкета спроведена врз 1.200 испитаници, велат дека се повеќе граѓани се охрабруваат и осмелуваат јавно и слободно да зборуваат. Иако трендовите се надолни, сепак стравот во контекст на политичка категорија и понатаму има висока застепност во општеството. Според податоците тоа е особено видливо во делот на избори и тајност на гласањето. Дури 33 отсто од испитаниците одговориле дека веруваат оти може да се дознае за секој граѓанин како гласал на денот на избори. Според изготвувачите на истражувањето всушност станува збор за привид што владејачката структура намерно го креира, особено пред избори.

„Мислиме дека власта намерно ги пласира овие работи за тоа чувство за надзор, за контрола, да се зголеми и така да се контролира теренот. Ова е голем проблем за тајновитоста на гласањето и мислиме дека треба да има кампањи за подигање на свеста“, вели Љупчо Петковски, аналитичар во МЦЕО.

Тајноста на гласањето е уставна категорија и кривично се одговара за нејзино прекршување.

„Она што е битно да се извлече како заклучок е дека не е возможно конкретно да се поврзе избирачко ливче со гласач со име и презиме освен ако не е дел од криминална шема како што е сликање со телефон или бугарски воз. Се друго се претпоставки на власта, или на партиите за тоа кој како гласал“, изјави Диана Жупановска, аналитичарка во МЦЕО.

Карактеристичен момент од истражувањето е дека покрај тоа што власта активно работи на перцепцијата дека буквално се контролира, критичарите на владејачката гарнитура индиректно ја зајакнуваат таквата слика со јавните изјави дека општеството сега е под невидена контрола.

XS
SM
MD
LG