Линкови за пристапност

Масовен протест на Шарената револуција

  • Синиша Станковиќ

Покрај боењето на објектите на институциите на власта, демонстрантите се обидоа да ја урнат контроверзната статуа на Прометеј, дел од проектот „Скопје 2014.

По истекот на рокот за ултиматум на Шарената револуција – 18 јуни, вчеравечер десетици илјади граѓани од целата држава, протестираа по скопските улици, движејќи се по познатата маршрута од протестите кои траеја 56 денови во изминатите три месеци: од објектот на Специјалното Јавно обвинителство на кое така му се изразува поддршка, до Министерството за правда, Владата и Собранието, чии објекти повторно беа фарбани со боја.

Вчерашните масовни демонстрации потсетуваа на големите протест на невладиониот сектор и на опозиционите партии од 17 мај 2015, беше своевидна реакција на молчењето на Уставниот суд и на власта по повод ултимативните барања на учесниците на протестите: Уставниот суд да ја потврди уставноста на Законот за СЈО и да престане полицискиот прогон на граѓанските активисти.

На вчерашниот протест, покрај боењето на објектите на институциите на власта, беше каменувано Министерството за правда, каде настрадаа прозорците, а по формалниот крај на протестот, дел од демонстрантите, во герила-акција или како што дел од нив изјавија, во своевиден перформанс, се обидоа да ја урнат контроверзната статуа на Прометеј, дел од проектот „Скопје 2014“, што беше спречено од брјни припадници на специјалните полициски сили.

Кога дел од демонстрантите го размонтираа скелето околу „позлатениот“ споменик на Прометеј наспроти парламентот, сакајќи да го урнат, кордон специјалци ги спречија, правејќи обрач околу споменикот.

Синоќешните протести беа најмасовни од формирањето на Шарената револуција, како движење за воспставување на правната држава во Македонија, кое особено се засили по аболицијата на осомничените политичари од претседателот Ѓорѓе Иванов. На протестите присуствуваше и раководството на опозицијата со лидерот Зоран Заев.

XS
SM
MD
LG