Линкови за пристапност

Опозицијата потврди дека останува надвор од Собранието


Macedonia parlament
Macedonia parlament

Ова денеска го соопшти лидерот на СДСМ, Зоран Заев

Опозицијата останува на својата одлука да дејствува надвор од парлементот. Ова денска го соопшти лидерот на СДСМ , Зоран Заев по средбата со лидерите на помалите опозициски партии ЛДП и НСДП, Андреј Жерновски и Тито Петковски.

„Првата работа е тоа што ги потврдивме нашите ставови. Враќање во Парламентот нема. Секако петте теми се јасни и на јавноста и на власта, теми за кои власта може да отпочне преговори. Тоа се - медиумите, разграничување на партијата од државата, пописот, избирачкиот список и изборното законодавство, и за техничката влада“, изјави Зоран Заев по средбата со неговите партнери.

На состанокот станало збор и за стратегијата за понатамошното дејствување на опозицијата во вакви услови.

„Стратегијата на опозицијата е јасна, имплементацијата на четирите столбови е во тек. Новина е тоа што од утре почнуваме трибини низ Македонија, 16 градови се дефинирани, утре е Битола, каде што претставниците на опозицијата, и јас ќе бидам таму присутен од претставници на претседателите на партиите, ќе отвориме дебата со граѓаните дополнително за актуелните политички случувања“, изјави Зоран Заев.

Инаку, вчера пред денешниот состанок на опозиционерите, лидерот на ЛДП, Андреј Жерновски се сретна со амбасадорот Пол Волерс.

„Јас ја кажав мојата загриженост за стратегијата на Владата која секогаш кога ќе се појави некој проблематичен настан за неа, се апсат судии, и не е чудо што во Македонија се појави ебола кога требаше да излезе некој негативен извештај за Владата. По најавите на опозицијата за изнесување на одредени материјали гледам дека се активира, она што е најпроблематично и најчувствително за нас, а тоа се интер-етничките односи. Гледам најави за некакви конфликти. Се надевам дека тоа нема да биде така. Но се плашам дека тоа ќе биде одговор на Владата на она што го подготвува опозицијата. Што ќе направи опозицијата и каков ќе биде одговорот – ќе покаже наредниот период“, изјави Жерновски.

XS
SM
MD
LG