Линкови за пристапност

Јанкуловска: Оценката на САД е верификација на значајно постигнување


Амбасадорот на САД во Македонија на заедничка прес конференција со министерката за внатрешни работи по повод извештајот за трговија со луѓе

Aмбасадорот на САД во Македонија Пол Волерс им честиташе на македонските власти, што Македонија во Извештајот на Стејт Департментот, четврта година веќе е рангирана во групата 1- држави што целосно целосно ги исполнуваат стандардите за борба против трговијата со луѓе.

„Мојата земја е навистина задоволна со досегашното партнерство со Република Македонија во оваа глобална кампања за трговијата со луѓе и ние ќе останеме нејзини партнери во оваа насока но и во други сектори, потенцира амбасадорот Волерс, на заедничката прес конференција со македонската министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска во Скопје.

За министерката Јанкуловска, оваа оценка од САД е „верификација на уште едно значајно постигнување и јасна потврда за континуираниот ангажман и посветеност во справувањето на овој облик на организиран криминал“.

„Ние заедно со Словенија сме единствените земји во ТИЕР 1 - групата од поширокиот балкански регион, односно единствена држава од земјите кандидати за членство која неколку години по ред е рангирана рамо до рамо со најразвиените западни држави“, рече Јанкуловска, притоа истакнувајќи дека борбата против трговијата со луѓе останува еден од приоритетите на новата Влада и дека во програмата се предвидени низа проекти за воведување нови алатки како воспоставување на централизирана интерна база на податоци, изготвување на нови стандардни оперативни процедури и воведување на тнр. „црвено копче“. Воедно, ќе бидат исправени и забелешките наведени во Извештајот, како што е поенергичен прогон на осомничените, соодветен третман на жртвите на трговија со луѓе и проактивен пристап, превенција и помош на ризичните групи.

Во Глобалниот Извештај, 14-ти по ред, опфатени се 187 држави во светот, а Македонија и овојпат е во првата, односно во групата ТИЕР 1 - земји што целосно ги исполнуваат стандардите во борбата против трговијата со луѓе, со уште 31 земја, како САД, Велика Британија, Австралија, Австрија, Финска, Франција, Германија, Исланд, Ирска, Италија. За разлика од Македонија, на пример, Хрватска, Романија, Грција и Бугарија, кои се членки на ЕУ, се во втората група на држава кои нецелосно ги исполнуваат минималните стандарди во борбата против трговијата со луѓе.
XS
SM
MD
LG