Линкови за пристапност

Матурска парада 2014


Фото: Томислав Георгиев
Фото: Томислав Георгиев

950 матуранти од 22 скопски средни училишта на главниот плоштад „Македонија“ по осми пат играа квадрил

Покрај традиционалниот квадрил, македонските матуранти во состав на „Матурската парада 2014“, годинава играа и салса.

Во организација Дирекцијата за култура и уметност и Танцовиот клуб „Ритам плус“, под покровителство на Град Скопје, а со поддршка на Делегацијата на ЕУ во Македонија и „Т-мобиле“, скопските матуранти и нивните врсници од Струмица, Гевгелија, Охрид и од Струга, денес го одбележаа својот испит на зрелоста, како дел од повеќегодишната манифестација низ Европа, во која досега квадрил играле 276.496 матуранти од стотина градови во Словенија, Италија, Србија, Македонија, Хрватска, Црна Гора, БиХерцеговина, Бугарија...

Манифестацијата во Скопје ја помогнаа компаниите „Горска“ и „Секуриком“, а медиумски покровител беше Македонското радио - Радио Скопје, кое го презема радио сигналот од Словенија. И годиеншната манифестација беше уште еден обид да се урне Гинисовиот рекорд во категоријата на истовремено синхронизирано одигрување на еден ист танц во различни градови, но, според традицијата од последните години, составен дел на живописниот настан беше и изјавата на матурантите за ненасилство, за толеранција и за меѓусебна соработка.

Покрај престолнината, и во Струмица, шеста година по ред, над 300 матуранти од трите општински средни училишта, на тамошниот плоштад танцуваа квадрил. Според медиумите, градоначалникот на Струмица Зоран Заев во обраќањето истакнал дека „испитот на зрелоста, како што популарно се нарекува полнолетството или матурирањето, сам по себе претставува значаен настан во животот на секој човек, но кога е збогатен со учество на матурската парада, тогаш тоа се памети како најубав спомен од убавите младешки времиња“

И во Охрид играле матурантите од трите средни училишта, пред нивните родители и бројната публика, а им се обратил и градоначалникот Никола Бакрачески кој им го честитал завршувањето на средното образование.
XS
SM
MD
LG