Линкови за пристапност

Изборни шеми во Македонија

  • Борјан Јовановски

Kако ДУИ планира да биде во власт на која мандат треба да и` даде претседател кој е за нив нелегитимен?

Актуелната изборна кампања на владеачките ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ како и исходот од првиот круг на претседателските избори отвара дилеми за тоа како и што ќе се случува на политичката сцена во Македонија по претседателските и парламентарните избори. Ќе можат ли ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да формираат повторно влада и како воопшто ДУИ би бил во владеачка коалиција имајќи предвид дека во кампањата не го признаваат легитимитетот на новоизбраниот претседател?

На оваа прашање побаравме одгоговор од двајца аналитичари, Арсим Зеколи и Јове Кекековски.

Зеколи семта дека без разлика на изборната реторика на ДУИ работите ќе бидат сосема спротивни на тоа што тие сега го зборуваат во кампањата.
„Во целосно деформиран и приватизиран систем во кој доминараат партиски интереси, а не владеење на правото, секоја одлука може да се оправда преку засилена медиумска манипулација. Познавајќи го краткото паметење на нашите луѓе, не очекувам дека ДУИ ќе се претргне објаснувајќи ги причините, бидејќи ионака самиот повик на бојкот беше стратегија за добивање на избори преку дефокусирање од дебаклот на политиките на ДУИ, а не на издејствување на консензуален претседател“, вели Зеколи за Гласот на Америка на македонски јазик.

Според Зеколи целта на операцијата, што тој ја нарекува, „консензуален кандидат“, е постигната: елиминација на опозицијата во албанскиот кампус и сведување на ирелевантност на СДСМ во македонскиот кампус.
„Постизборните оправдувања ќе бидат од познатиот репертоар – мир, стабилност, интегративни процеси, решавање на името. Сосема е можно и извесно после изборите да се наметне уште една епизода на изглумени тензии пред јавноста од типот на Мартовски или Мајски договори за составување на владата, чие потпишување ќе биде прогласено како „голем успех“ во кој, нели, „победници сe граѓаните“. Но тоа ќе биде повеќе театар за одвлекување на вниманието и билдање на имиџот на ВМРО и ДУИ како етнички заштитници, отколку сериозна криза со суштински последици“, ни рече Арсим Зеколи.

Од своја страна Јове Кекеновски смета дека „доколку ВМРО-ДПМНЕ е победик на парламентарните избори, треба добро да размисли дали воопшто да понуди коалициска соработка со партија која не го признава легитимитетот на претседателот“.

„Мислам дека во ваква ситуација, Груевски ќе има убедливо водство, па мислам дека на ДУИ треба да му понуди соработка од типот земи-или-остави. ДУИ ја интересира само учество во власта, па затоа мислам дека тоа воопшто нема да биде проблем“, ни изјави Јове Кекеновски.
XS
SM
MD
LG