Линкови за пристапност

Македонија: Претседателските кандидати се фокусираат на економскиот развој

  • Борјан Јовановски

Интензивирање на изборната кампања на двајцата кандидати – Иванов и Пендаровски.

Ѓорѓе Иванов каднидатот за претседтел на владеачката ВМРО ДПМНЕ и неговиот ривал, каднидатот на опозицискиот СДСМ ја интензивираат изборната кампања фокусирајќи се на прашања од економско социјален карaктер.

Ѓорѓе Иванов во неговотo обраќање пред симпатизерите нагласи дека економскиот раст и развој на Македонија, како и привлекувањее нови странски инвестиции ќе бидат негов приорите во следниот мандат.
„Програмата со која излегов пред вас во 2009-та година е исполнета. Реализирав и повеќе од тоа што беше предвидено. Посветено работев овие пет години. Имав преку 200 билатерални средби со шефови на држави.
Повеќе од 150 средби со премиери, претседатели на парламенти и шефови на дипломатија. За време на мандатот имав повеќе од 100 средби со други странски државници, со високи претставници на меѓународни организации и со верски лидери. Досега остварив повеќе од 100 официјални, работни и неформални посети и учества на меѓународни настани. Бев домаќин на над 40 официјални и работни посети на шефови на држави на Република Македонија. На тие средби работев на отворање можности за македонската економија, за подобар живот на граѓаните“, рече Иванов на митинг во Свети Николе.

Тој додаде дека во сè што правел, не бил сам и оддаде големо признание на Владата за вложените напори.

„На дело покажуваат како се работи за Македонија. Исплатени се половина милијарда евра субвенции за земјоделците, донесени се речиси 2 милијарди евра странски инвестиции, спроведени се реформи во речиси секоја област од животот, а просечната пензија е зголемена за 62 проценти“, рече Иванов.
Противкадинадот Стево Пендаровски се осврна на проблемите на земјоделците и високата стапка на невработеноста.

„Можам да ви ветам дека ќе бидам активно вклучен во рашавањето на проблемите на граѓаните. Но за да ги промениме работите на подобро, ние мора да ја промениме власта - таа власт којашто со субвенции купува гласови, а не го помага земјоделството#, рече Пендаровски во разговорот со граѓаните во централна Македонија. Тој во оваа прилика предупреди дека состојбите мора што поскоро да се менуваат бидејќи Македонија се соочува се се` посериозни проблеми.

„Ако состојбите останат какви што се, за 4–5 години држава можеби ќе имаме, но луѓе во неа нема да имаме. Во последниве пет години се забележани поголеми иселувања од периодот 1991–1996, кога имаше војни во регионот, или 2001-та, кога имаше воен конфликт во Македонија. Денес земјава е на опашката на регионот по сите основи. Живееме на кредит, а страдаме на рати. Не` убедуваат дека Македонија е Швајцарија, а земјата е во бунар, задолжени се и сегашни и идни генерации..Нема две категории стечајци, нема две категории земјоделци, или студенти, има задоволни и незадоволни луѓе. Задоволни се само луѓето на власта, сите други се незадоволни. Тоа можеме да го промениме заедно“, изјави Стево Пендаровски во Неготино.

Прашан што мисли за неговиот противник Пендаровски одговри.
„Не мислам ништо за противникот. Не сум го видел, Улогата на претседателот на државата е да биде дел од сите процеси во државата, со голема одговорност кон интересите на граѓаните. Да биде секогаш на страната на граѓаните.“

Иванов не ги кометираше забелешките на Пендаровски, но затоа тоа го сторија високите претсавници на ВМРО-ДПМНЕ. Актуелната министерка за внатрешни работи Гродана Јанкуловска кажа:

„Стево Пендаровски е човек кој ги легитимираше криминалните избори кога Бранко Црвенковски ја узурпираше позицијата претседател. Тој заедно со неговиот ментор Црвенковски ја направи катастрофалната територијална организација на државата. Но народот е мудар. Тој точно знае кој што направил.“

Инаку ДИК соопшти дека на престојните претседателски избори 779.572 лица запишани во избирачкиот список имаат право на глас. Во дијаспората за гласање се пријавиле 8.332 избирачи. Најголем број од нив ќе гласаат во 7-та изборна единица во Европа.

Повеќе коментари

XS
SM
MD
LG