Линкови за пристапност

Македонија: ДУИ бара предвремени избори


Кандидатурата на Ѓорѓе Иванов за ДУИ била сигнал дека ВМРО-ДПМНЕ ја одбива нивната понуда за консензуален кандидат.

ДУИ утревечер на вонредна седница на раководството на партијата ќе побара предвремени парламентарни избори, најави попладнево портпаролот на партијата Бујар Османи.

Ваквата одлука, партијата на Ахмети ја донела откако станaло јасно дека ВМРО-ДПМНЕ не го прифаќа нивниот концепт за консензуален претседателски кандидат, додаде Османи.

Пратеничката на ДУИ Ермира Мехмети во интервју за НОВА појасни дека анкетите кои ги вршела нејзината партија покажале дека етничките Албанци не се расположени да поддржат уште еден мандат за Иванов.

Што се однесува до подршката на каднидат на СДСМ кој би бил прифатлив за етничките Албаци, Ермира Мехмети се воздржа од коментар со оглед на тоа што СДСМ се` уште нема одлука за нивниот претседателски кандидат.

Инаку ДУИ преку својот портпарол најави можност по изборите да побара и уставни измени, со кои во иднина првиот човек на државата ќе се избира во Собранието.

Лидерот на ВМРО Народна Љупчо Георгиевски, излезе со иницијатива сите партии пред одржувањето на предвремени параламентарни избори да потпишат декларација со која јавно ќе прифатат итно да го решат проблемот со името и на тој начин ќе го отворат патот на Македонија кон ЕУ и НАТО.

Кога би се одржале предвремените парлементарни избори се` уште не е јасно, иако во јавноста се шпекулира за можноста тие да бидат одржани истовремено со вториот круг на претседателските избори кон крајот на април.
XS
SM
MD
LG