Линкови за пристапност

Жерновски: 12 споменици на мостот Око се дивоградби

  • Борјан Јовановски

Меѓу нив е и контроверзниот споменик на Цар Душан кој предизвика револт кај етничка албанската популација во Скопје.

Градоначаликот на општина Центар Андреј Жерновски денска објави дека 12 споменици на мостот Око во центарот на Скопје се постевени без одобрение. Меѓу нив е и контроверзниот споменик на Цар Душан кој предизвика револт кај етничка албанската популација во главниот град.

За целиот проект било задолжено министерството за култура, претходно со амин од премиерот Груевски, тврди Жерновски за што презентираше и документи за нарачка потпишани од министерката Елизабета Канческа Милевска.

Претходното раководство на општина Центар на чело со Владимир Тодоровиќ, вели Жерновски, било само нем спроведувач на нарачките на премиерот преку министерството за култура.

Од нарачаните 28 споменици, пет не стигнале до мостот, тврдат од општината. Се сомневаат дека се работи за споменици од албанската историја, а се чуваат во магацините на МЗТ.

Од секторот за инспекциски работи најавуваат дека откако ќе го разгледаат извештајот на комисијата на некоја од следните седници на советот на Центар, ќе пристапат кон отстранување на, како што велат, дивоградбите, за што ќе побараат и полициска асистенција.

Нема да дозволиме дивоградби во општината. Мене не ме интересира склуптурата на Цар Душан туку дивоградбата на Цар Душан, изјави градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски.

Несватливо е како еден градоначалник и тоа градоначалник на општина Центар, во период од цела една година, не успеа да реализира ниту еден, единствен проект во интерес на граѓаните, ниту еден единствен проект од областа на културата со кој би се збогатило културното живеење на жителите од оваа општина.

Очигледно Жерновски има сериозна намера да остане запаметен како градоначалник кој во својот мандат брка духови во магла, градоначалник кој нема ниту програма ниту визија како да го подобри животот на своите граѓани.

Министерството за култура ги отфрли обвинувањат квалификувајќи ги како манипулација.

Крајно време е Жерновски да се зафати со работа, бидејќи граѓаните на Општина Центар заслужуваат повеќе, се вели во реакцијата од министерството за култура.
XS
SM
MD
LG